Студентскиот пленум за во среда во 18 часот најавува одржување на отворен пленум на кој ќе се споделат идеи и ќе се осмислува решението за поквалитетно студентско организирање и подобрување на стандардот на студентите.
– По одржувањето на референдумот, Сенатот на УКИМ мора да го следи мислењето на студентите. Но, бројноста на студентите роди нова искра за квалитетно студентско организирање, кое ќе работи за потребите на студентот и подобрување на неговиот стандард. Досега слушнавме голема бројка на проблеми со кои студетите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме на едно место и заедно да ги дискутираме и одлучиме за начини за нивно решавање, велат од Студентскиот пленум во најавата на нивниот Фејсбук профил
Отворениот пленум ќе се одржи пред Платото на УКИМ.
– Секој студентски дом, секоја неправедност нанесена од факултетскиот кадар, секоја студентска бенефиција може да биде решена доколку студентите се сплотени под заедничкото решение. Дојдете да го осмислиме решението!
Кажавме „НЕ“ на корумпираниот систем, но борбата уште трае! Ќе бидат притискани се додека секој студент не спие во нормални услови, додека секој факултет не разбере дека не е ништо без студентите, порачуваат од Пленумот во најавата за настанот.




