Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за Кочани: И поранешните градоначалници Илијев и Папазов се повикуваат на своите стручни служби

0
By Zoran Ivanov on December 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 4, 2025 17:45

На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата.

Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.

Бранителот на единаесеттообвинетиот Николчо Илијев (градоначалник од 2017 до 2021 година), адвокатот Синиша Станковиќ, во воведен говор рече дека смета оти од непознати причини е спроведена нецелосна истрага и не е обезбеден ниту еден факт против Николчо Илијев.

Постапката се води три и пол години по престанок на неговиот мандат. Никој и никогаш не го известил за кабарето или пак имал контакт со сопственикот. Советот на Општина Кочани никогаш не е известен за измена на Деталниот урбанистички план за предметниот објект. Никаков контакти за предметниот објект немал ниту додека бил, ниту откако му престанал мандатот, изјави Станковиќ.

Се ова, посочи Станковиќ, ќе биде докажано на расправата и обвинетиот ќе докаже дека во времето додека бил градоначалник постапувал согласно закон и прописи.

-Обвинетиот Николчо Илијев не повредил ниту една императивна норма во вршење на функцијата градоначалник и не ја злоупотребил во ниту една форма својата позиција. Ваквите факти исклучуваат секаква можност за било какво соизвршителство во било кој правец и временски период. На 16 март Николчо Илијев загуби роднини и пријатели и уште еднаш изразува сочувство на семејствата на жртвите и побрзо закрепнување на повредените. Затоа одбраната бара Обвинителството да го повлече обвинението против Николчо Илијев, изјави Станковиќ.

На денешното рочиште за случајот во кој е обвинет и поранешниот градоначалник Љупчо Папазов (на функција од 2021-2024), неговиот адвокат Мите Левков изрази сочувство за жртвите и нагласи дека процесот е обележан со немерлива трагедија, но и дека мора да се почитува пресумпцијата на невиност.

Левков истакна дека правдата за жртвите не значи само осуда, туку вистинска и правична постапка, а неправедно осуден невин човек би претставувал „втора трагедија“. Тој посочи дека пропустите во случајот се резултат на институционални слабости и дека законот бара утврдување на индивидуална вина.

Според одбраната, Папазов не презел никакви директни дејствија што довеле до пожарот, а одговорноста за инспекциските надзори и законската регулатива е делегирана на стручните служби и инспекторати.

Непостапувањето на господинот Папазов како градоначалник не претставува никаква, а најмалку примарна и директна причина за настанатата катастрофа. Градоначалникот не поседува знаење ниту овластување ад хок да утврдува недостатоци во објектот, туку е зависен од информациите и извештаите на стручните служби. Тој не е градежен, пазарен или инспектор за противпожарна заштита, рече тој.

Обвинетиот Љупчо Папазов изјави дека на критичниот ден ја мобилизирал општинската администрација и себе и да се стави на располагање на надлежните служби, а од човечки аспект поднел оставка од морални причини. Тој додаде дека во судницата ќе бидат изнесени аргументи и факти кои ќе бидат патоказ кон утврдување на вистината.

Сакам, придружувајќи се кон воведниот говор на мојот бранител, сакам да констатирам дека во оваа судница ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да му се допаднат некому но ќе бидат првиот чекор или првиот патоказ дека сте на вистинскиот пат кон утврдување на вистината, рече тој.

Претходно, одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Димитровски, Илијев и Папазов, се обвинети дека свесно и континуирано не постапувале согласно законските прописи за заштита, урбанистичко планирање и инспекциски надзор. Иако знаеле дека објектот Кабаре Клуб Пулс е небезбеден и не исполнува законски услови за угостителска дејност, не презеле мерки за утврдување неправилности, санкционирање или затворање на објектот.

Според обвинителниот акт, тие не наредиле инспекциски надзор, не изготвиле програми и планови за работа на инспекторите, ниту ги известиле надлежните институции за незаконитото работење на објектот. Објектот немал одобрение за реконструкција, пренамена или употреба, ниту функционален паркинг, што создавало ризик за живот и здравје на посетителите и го попречувало пристапот на противпожарни возила.

Па така, со непостапување според Законот за локална самоуправа, Законот за градење, Законот за инспекциски надзор, Законот за заштита и спасување и Законот за угостителска дејност, овозможиле на обвинетите Дејан Јованов и Гроздан Милковски незаконито да вршат угостителска дејност и да плаќаат надоместок, иако објектот фактички работел како диско клуб, а не како кабаре. Според обвинението, обвинетите биле свесни за можните штетни последици, но се согласиле со нивното настапување.

Судењето продолжи со воведни зборови на Јане Јанчевски, директор на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

 

илијев Кочани папазов судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.