Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исказ на вештак во случајот „Ласкарци“: Возачот на автобусот не разговарал на мобилен

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ што се преврте кај Ласкарци, не разговарал на мобилен телефон и не задремал, но можно е да се завртел кон лево со телото или пак да погледнал надолу пред него, истакна вештото лице кое денеска одговараше на вкрстени прашања во Кривичниот суд за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари лани, а во која загинаа 16 лица.

Вештакот појасни дека при вештачењето со сигурност е утврдено дека возачот не разговарал на мобилен и дека за свртувањето на автобусот кон лево при што излетал од автопатот можно е да се свртел кон лево со телото што, како што рече, автоматски го завртел и воланот кон лево или пак погледнал надолу пред себе што било доволно, поради брзината со која возел, да излета од патот.

На прашање на адвокатката на еден од обвинетите, вештакот рече дека при подготовка на наодот немале увид во лекарската документација на возачот за неговата здравствена состојба, на што одбраната истакна дека од Обвинителството намерно не ги доставиле тие лекарски наоди до Бирото за вештачење за да се утврди постоечкиот вешт наод.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“  Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

автобус Вешто лице исказ Наод несреќа Случај „Ласкарци“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.