Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фетаи предложи психијатриско вештачење на Груевски

3
By Нова ТВ on February 2, 2018 ПОЛИТИКА
Фото СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица, ќе продолжи на 13 март.

Судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма, притоа посочувајќи дека од страна на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи биле направени измени.

Судот го задолжи СЈО да им достави пречистен текст на обвинението по пошта за темелно да го разгледаат.

По реакцијата на Груевски, Фетаи се понуди одново да му го прочита обвинителниот предлог, а судијата Јосифов рече дека во ваков случај тој би требало да му го упрости, но за тоа нема потреба бидејќи сепак Груевски бил интелектуалец, на што Фетаи искометира дека ако е потребно да им се направи и вештачење на обвинетите.

Судењето почна од почеток

Судењето за „Насислство во Центар“ денеска почна одново бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијата Татјана Михајлова.

Судењето е вратено на почеток бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијата Татјана Михајлова.

Рочиштето почна со утврдување на идентитетот на обвинетите и повторно читање на обвинението од страна на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО.

Фетаи кажа дека заради бизнис интереси со наводен мотив уривање на црквата Св. Константин и Елена, дел од обвинетите влегле во дворот на општина Центар и насилнички се однесувале кон оштетените, ги малтретирале, грубо ги навредувале и им ја загрозиле сигурноста.

Поради тоа била онезвозможена работата на советниците, а за да се спречат поголеми инциденти, седницата била прекината и презакажана за 10.6.2013 година, кога повторно пред седиштето на општината се собрале неколку стотици луѓе.

Дел од обвинетите тогаш насилно ја искршиле оградата од дворот и почнале да фрлаат со разни предмети кон бараката, при што биле искршени сите прозорци. Насилствата продолжиле се до доаѓањето странски амбасадори и претставници на ОБСЕ во општина Центар.

Додека обвинителката Фетаи го образложуваше обвинението, дел од обвинетите се смееја и коментираа, по што во неколку наврати беа опоменати од судијата.

Адвокатите на обвинетите и забележаа на обвинителката Фетаи дека во нејзиното образложение воопшто не ги спомнала доказите и побараа судијата Душко Јосифовски, да го отфрли обвинителниот предлог.

Одбраната побара и СЈО да го прецизира обвинителниот предлог, бидејќи на претходните рочишта за еден од обвинетите постапката се издвои, а двајца признаа вина по што беа осудени. Судот го одби ваквото барање, истакнувајќи дека со забелешките на Фетаи обвинителниот предлог е јасен.

Фетаи реплицираше и потсети дека овој случај се води по скратена постапка напоменувајќи дека за доказите ќе се изјасни дури во доказна постапка.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во една од „бомбите“ се слуша како тогашниот премиер Груевски нарачува на тогашниот градонашалник на Центар од опозицијата Андреј Жерновски да му бидат удрени неколку шамари.

Камерите „исчезнаа“ од судницата

За време на паузата од денешното рочиште, адвокатот на одбраната Димитар Дангов побара од судијата Душан Јосифов објаснување зошто во судницата ги нема камерите, кои го снимаат судењето на барање на обвинетите.

Судијата рече дека без негова дозвола и знаење камерите се отстранети од судската сала, по што судењето беше накратко прекинато за да се провери каде исчезнале.

Каако што објасни Јосифов, камерите биле пронајдени на друго судење, што го суди Софија Лаличиќ, која претходно ги побарала. Ова се единствените камери за судења во најголемиот суд, во кој е и Одделот за организиран криминал, а секое судење по закон, мора да се снима.

 

Груевски Јанакиески Насилствата во Центар Рангелова судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.