Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето на Талески одложено, неговите адвокати доставиле нови докази

0
By Нова ТВ on September 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рочиштето за случајот на СЈО „Транспортер“ во кое првообвинет е градоначалникот на Битола во заминување Владимир Талески е одложено за 6 ноември откако адвокатите на Талески доставија нови докази кои се уште не се споени со предметот.

Талески  не сакаше да ги коментира новите докази и само изјави дека обвинението е политичко.

– Во нашето работење нема криминал, работиме законски, ако сме грешеле ние, грешеле сите општини во Македонија. Едноставно, законската обврска што ни е дадена ја извршивме максимално чесно и законски, што значи обезбедивме слободен превоз на ученици под условите кои дојдоа со почитување на законите во Република во Македонија. Изминативе години Битола има поевтин превоз и од Струмица и од Куманово. Ова обвинение против мене е политичко, изјави тој.

За денеска беше закажано првото рочиште за случајот, а со судскиот совет ќе претседава судијката Лидија Петровска, која го води и случајот за бегалецот Горан Грујевски, екс началникот на Петтата управа во МВР, „Тврдина 2“, за уништување на документацијата.

СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември.

Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари  во вредност од 360.000 денари поради незаконски  организиран  автобуски превоз.

Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.

Минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече  на Талески  домашен притвор, кој два пати беше продолжуван.

По три месеци, Апелацискиот суд во Скопје ја укина оваа мерка  и досуди поблага мерка на претпазливост.

Минатиот месец Битолското обвинителство отвори нов случај „Транспортер 2“, каде Талески повторно се сомничи за злоупотреба на службената положба и грабеж на општинската каса, со незаконски тендери за превоз на ученици во учебната 2013 – 2014 и 2015- 2016 година.

Владимир Талески рочиште СЈО Транспортр
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.