Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за „Монструм“ продолжува на 5 јули

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со гледање аудио и видео снимка во судница од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд заврши денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето ќе продолжи на 5 и 11 јули кога ќе биде сослушан загрозениот сведок.

Иако изложеното во аудио и видео снимката веќе беше прочитано на претходните расправи за „Монструм“, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи рече дека ја постигнало својата цел, бидејќи можела од видео снимката да го види начинот на кој се бранел обвинетиот Азири. Од видеоматеријалот се гледа дека Азири во целост го признава делото за кое се товарел и подробно опишува како се случил настанот и каде со неговото возило ги чекал обвинетите за убиството на петте лица кај Смилковско езеро.

Тој првично на 2 мај 2012 година побарал да биде загрозен сведок, но на 7 мај истата година се премислил и поднел жалба до истражниот судија коа му била уважена. Видеоматеријалот е од испрашувањето по уважувањето на жалбата на Азири и е спроведено во присуство на неговиот адвокат Насер Рауфи.

Бидејки овој случај е по стариот Закон за кривична постапка, во предвид се земаат и исказите дадени за време на истрагата, додека според новиот ЗКП релевантно е она што ќе се каже на судењето.

Претходно на прашања од обвинителката Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на минатото рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро се онесвести. Пред судот тој конфузно раскажуваше за денот на убиството. Рече дека ги видел момчињата попладнето и оти тие од него и од другарите побарале леб за ловење риба.

Тој рече дека кога си заминале околу 19 часот ги виделе момчињата како лежат на стомак, но не застанале бидејќи се исплашиле. Раскажа дека сретнале човек со автоматска пушка, кој откако ги прашал како се викаат им рекол да си одат за да не ги убие. Бекир истакна дека не се сеќава добро во детали, бидејќи тоа било пред повеќе од шест години, како и дека е неписмен и не ги разбира добро дел од прашањата на обвинителката Фетаи.

Пред Судот исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња, кој рече дека дента кога биле убиени момчињата бил по риба кај езерото. Првично отишол без чамец околу 10 часот, но кога тројца рибари кои цела ноќ биле на езерото му рекле дека рибата не гризе се вратил и повторно дошол и го донел неговиот чамец „маестрал“. Кога доаѓал го видел паркирано возилото на неговиот сосед, кој подоцна бил убиен.

Додека бил со чамец во езерото видел како околу 14 часот доаѓа голем сив џип со приколка и бел чамец од кој, како што кажа, мисли дека видел две лица како влегуваат со чамецот во езерото, но по  околу половина час си заминале. Кога си одел накај дома околу 17:20 часот немало рибари, а и рибарите што рибареле претходната ноќ веќе си биле заминати. Забележал само паркирано возило „мерцедес“ од постар тип за кое не се сеќава каква боја било.

На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Монструм рочиште сведоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.