Два автобсуи и цистерна се судрија на еден од главните автопати во Авганистан при што загинаа 73 луѓе, соопшти тамошното министерство за здравство.
При експлозиите повредени се уште 50 луѓе, кои веднаш биле пренесени во болница во провинцијата Газни.
Несреќата се случила на патот кон главниот град Кабул.
Мохамадула Ахмади, директорт на одделот за сообраќај на провинцијата Газни рече дека несреќата настанала поради несовесно возење.
Локалното населени исто така им помогнали на противпожарните екипи при спасувањето на луѓето, а оние кои загинале биле со 100 отсто изгореници.
Околу 125 луѓе се превезувале во двата автобуси.