Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир во Беса: Касами обвинет за фалсификат, тој обвинува за клевети

2
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2018 15:08

Движењето Беса кое викендов го избра Африм Гаши за претседател на конгресот во Тетово  го обвинува поранешниот лидер Билал Касами за фалсификат и најавува кривична пријава против него.

На денешната прес конференција Орхан Муртезани, најави дека во наредните денови на неколку прес-конференции ќе го обелоденат како што го нарекоа „мега-скандалот кој го направил поранешниот претседател на Движењето, фалсификувајќи ги документите на Беса во судот и поднесувајќи документи кои тој ги напишал дома или кои му ги имаат напишано тие кои го порачале расколот, додека тој ги испратил во судот како тие да се официјални документи на Беса“.

https://www.youtube.com/watch?v=WBMLiM2WuPM

-Првата седница на тогашниот Централен совет на кој беше изразено незадоволство кон Билал Касами се одржа на 24 декември 2017. Ова седница беше свикана од мнозинството на членовите на Централниот совет со собирање на потписи на ден 21 декември 2017 година. Во меѓувреме, Касами на 15 ноември и 4 декември поднел во судот фалсификувани имиња на претседателите на ограноците, тврдат од Беса.

 

Според нив, во Боговиње за претседател на огранокот бил избран Шпенд Тахири, но Касами во судот го поднел името на Нуредин Деари како претседател на овој огранок. Вакви примери тие наведоа и за Ресен, Струга и скопските општини Шуто оризари и Карпош.

-Иако Движењето БЕСА имаше двајца членови на Централното претседателство од Ресен, Кастриот Реџепи и Аријанит Хоџа, тие не успеа да ги најдат ниту десет луѓе за да основат огранок таму. Меѓутоа ова не му пречело на Касами во судот да го поднесе името на Аријанит Хоџа како фиктивен претседател на огранокот на Ресен. Во Струга избран претседател на огранокот бил Риат Абдурахмани, но како што изгледа Билал Касами не му верувал, па во судот како претседател на огранокот на Струга го поднел името на Нусрет Зиба, дојден од НДП. Во Шутка претседател не огранокот на Движењето БЕСА, и тоа  избран во присуство на Билал Касами, беше избран Арсим Емини, меѓутоа Билал Касами во судот го поднел името на Мухамед Цури. Во Карпош, претседател на огранокот беше избран Јонуз Фејзулаху, додека Билал Касами во судот го поднел името не Илир Хоџа, обвинуваат од партијата.

Тие велат дека овие податоци се пријавени и во органите на правдата и тој ќе се соочи со кривична пријава за фалсификување на документите и службените акти на Движењето БЕСА.

Реакција на Касами: Поднесовме пријави за злоупотреба на симболите на Беса

Кусо по објавените обвинувања за фалсификат, крилото на движењето Беса што го предводи Билал Касами објави реакција, во која вели дека „нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови од пајажината на невладини сомнителни организации“.

-Сите структури на Движењето Беса се фокусирани во делот на организирање на првиот Конгрес на партијата и нема да губиме енергија со секоја клевета што се обидуваат да направаат платени полтрони кои работат за све само не за интерес на Албаниците во Македонија, велат од ова крило на Беса. Тие велат дека ангажирале адвокат кој веќе доставил неколку предмети во обвинителство за Орхан Муртезани и за тие што како што велат „го придружуваат него и тоа за клевети, лажни наоди и злоупотреба на симболите на Движењето Беса“.

Беса Гаши Касами клевети фалсификати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.