Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот ги отфрлил прислушуваните разговори како доказ во „Триста“

0
By Нова ТВ on July 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за оцена на обвинителен акт на Кривичниот суд донел одлука прислушуваните разговори за случајот „Триста“ да бидат издвоени и да не се користат како докази во понатамошната постапка, дознава НОВА ТВ.

Во издвојувањето на доказите, судот се повикал на тоа дека овие разговори биле незаконски прибавени и дека уште пред повеќе од една година судот одлучи сите овие разговори да не бидат земени во предвид во доказната постапка.

Одлуката за издвојување на доказите ни ја потврдија и од Специјалното јавно обвинителство и најавуваат ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд. Рокот за поднесување жалба е три дена.

Советот се уште не донел одлука дали обвинителниот акт ќе биде прифатен или отфрлен, се уште не е донесена одлука. Членови во овој совет се судиите Верка Петковска, Горан Бошевски и Татјана Михајловска.

Инаку, во април оваа година, Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ кој СЈО го презема од обвинителството за организиран криминал и корупција, прислушувани разговори беа прифатени во постапката.

Специјалното обвинителство имаше став дека снимките што ги направил еден од обвинетите врз останатите обвинети како вршат кривично дело претставуваат доказ во оваа постапка. Тоа Апелациониот суд Скопје го преточи во својата пресуда, повикувајќи се на јавниот интерес и на принципот на сразмерност. Ова беше првпат суд да прифати незаконито стекнати докази во предмет на СЈО.

доказ Кривичен суд прислушувани разговори СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.