Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот не прифаќа критики, на јавниот обвинител Јовески му порача да си погледне во „својот двор“

0
By Нова ТВ on July 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 16, 2019 12:32

Јавниот обвинител Јовески да си погледне во сопствениот „двор“ – му напиша Судот на Обвинителот кој вчера ја критикуваше  ослободителната пресуда за Латас и неговите браќа. Судот ги нарече обвинувањата „паушални.

„Во однос на вчерашната изјава на Јавниот обвинител , Кривичниот суд  укажува  на обвинителството наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор““ пишува во писмената реакција од Судот.

Од Судот исто така наведуваат дека „ судиите работат согласно Законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна“.

„Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено  на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“ коментираат од Судот.

Јавниот обвинител Јовески вчера рече дека поддржува ветинг во судството и обвинителството, и го посочи примерот со ослободителната пресуда за новинарот  Дрган Павловиќ Латас и неговите браќа за кои СЈО имаше поднесено обвиние за бесправно градење. Тој побара и Судскиот совет да го истражи овој случај.

„Мислам дека на такви судии не им е местото во правосудството и веројатно Судскиот совет ќе треба по соодветна постапка да го испита тој дел. Јас после објавувањето на пресудата барав и судска пракса. Судската пракса во однос на овие кривични дела е сосема јасна, таму не се бараат ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил. Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градба“ одговори јавниот обвинител Љубомир Јовески  на новинарско прашање на  прес конференцијата за истрагата која се води  против Боки 13 и Зоки Кичеец.

Тој напомена дека ветингот ќе помогне во „обвинителството и судството да останат само чесните,  тие што се борат за правдата, што имаат неселективна примена на законот, јавни обвинители и судии со свој интегритет“.

Латас и неговите браќа добија ослободителни пресуди за изградба на трите викендички во Зелениково кои според СЈО се граделе без дозвола. Судијката рече дека ги ослободува затоа што „во овој случај никој од државата не презел никакви мерки додека се граделе објектите ниту било донесено решение за отстранување на градбита – со што се докажува дека немало јавен интерес“.

 

јавен обвинител Јовески Латас Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.