Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот се уште не побарал асистенција од МВР за приведување на Груевски

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 12, 2018 17:02

Поранешниот премиер, Никола Груевски, го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата управа, но засега не знае каде е и се уште не е му е врачена одлуката на Советот на Кривичниот суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Согласно Законот за дополнување на Законот за Влада и Уредбата за личностите и објектите, што се обезбедуваат, видовите мерки и степените на обезбедување, Одделот за заштита на определни личности и објекти со вкупно шест полициски службеници презема мерки и активности за физичко обезбедување на Никола Груевски, како поранешен премиер.

Правни експерти за МИА објаснуваат дека шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односно работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Согласно Законот поранешен премиер правото што произлегува од членот 14 а може да го остварува во период ист со времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата и почнува да го остварува од денот на престанување на функцијата.

Никола Груевски премиерската функција ја извршуваше од 26 август 2006 се до 18 јануари 2016 година, значи тој десет години има право на обезбедување.

Откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, обиди се прават и денесска.

-Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата. Доколку доставата не се комплетира, како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, судијата за извршување санкции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции, се наведува во соопшението на Кривичен.

Обиди да се пронајде ќе се прават до завршување на денешниот ден, а потоа се отвора можноста за активирање на полицијата.

Судот има право, ако оцени дека бега, се крие, одбегнува, да превземе мерки преку полицијата, како присилно приведување, а ако и тоа не е можно ќе се распише потерница по него.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Екс премиерот се јавува како осомничен во неколку случаи отворени од СЈО, Насилство во Центар, Титаник и Траекторија. За случајот „Тенк“ веќе е осуден на двегодишна затворска казна, а Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции, со кое треба да се јави во затворот во Шутка за издржување на казната.

Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за „примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс министерката Гордана Јанкуловска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, кое било набавено затоа што Груевски сакал да се вози со такво возило, но не саклал јавноста да знае за тоа“.

Според директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, Груевски се нема пријавено таму. Котевски посочи дека од затворот изутрината го известиле Кривичен дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.

Груевски Кривичен МВР обезбедување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.