Судот за спортска арбитража во Лозана не му ја уважи жалбата на  поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер.

Швајцарецот е суспендиран на 6 години од фудбалот, поради нелегална уплата на 2 милиони швајцарски франци на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

ЦАС донесе одлука дека Блатер е виновен за неморални финансиски подароци и судир на интереси.

Тој се жалеше до судот во Швајцарија, но не му беше укината казната.

Блатер минатиот декември, заедно со Платини, беа суспендирани на осум години поради сомнителни финансиски исплати на два милиони швајцарски франци за советодавни услуги, а потоа казната беше намалена на две години поради долгогодишни заслуги во фудбалот.

Во мај Блатер го напушти челното место во ФИФА после 17 години, а го наследи Џани Инфантино.