Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет нема надлежност да го разреши Нанев, случајот „Палермо“ ќе оди на Совет за етика

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 31, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mkd.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 13:16

Судскиот совет ќе бара мислење од Советот за етика и од координаторот за Основниот суд во Кавадарци за случајот „Палермо“ и одговорноста на судијата  Лазар Нанев.

Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната средба со новинарите објасни дека Советот нема надлежност за да го разреши Нанев затоа ќе бара за тоа да се произнесе Советот за етика, тело кое е надлежно да дава мислење во однос на прекршувањето на Етичкиот кодекс.

– Како Судски совет ние не сме надлежни да испитуваме нестручно и несовесно работење на претседател на суд и да го разрешиме. Одлучивме да го задолжиме координаторот што е задолжен за Основниот суд Кавадарци да побара информација од претседателот на судот и  да се обратиме до Советот за етика при Здружението за судии кој единствено дава мислења, рече Црвеновска.

За да се разреши претседател на суд од функцијата, Судскиот совет во постапката прво треба да утврди злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања, незаконско и ненаменско располагање со финансиските средства на судот, неизвршување или ненавремено извршување на работите на судската управа. Разрешувањето може да се случи и ако  влијаење врз независноста на судиите во врска со одлучувањето по одделни предмети, ако предизвикува потешко нарушување на односите во судот кои значително влијаат врз работењето на судот. Ако направи повреда на правилата во врска со распределба на предметите, неисполнување на програмата за работа и слично, но во овој член нема пропишано што ќе се случи ако судија ги прекрши етичките норми, како што е во случајот „Палермо“.

Станува збор за случај кој ја поттикна јавноста на бурни реакции и барања да се санкционира однесувањето на судијата Лазар Нанев кој заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и министерот за правда Никола Тупанчевски присуствуваше на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Македонија.

С.М.

нанев Палермо Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.