Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески очекува повеќе авиокомпании да се пријават за субвенции

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 20, 2018 13:46

На седница на Владата задутре се очекува да биде усвоена уредба за распределба на финансиии за нискобуџетни авиокомпании и по нејзино објавување во Службен весник по неколку дена ќе се формира комисија за евалуација и ќе биде распишан јавен повик за евтини летови,  информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Апелирам до сите авикомпании кои сакаат да конкурират. Во наредните денови ќе се распише јавниот повик и очекувањата се да се јават поголем број, изјави Сугарески.

Сугарески потенцираше дека на анимирање на авиопревозниците се работи пред да се објават повиците.

– Во периодот додека траат јавните повици немам никакви економски промотори кои работат во Македонија и тоа не ми е целта. Тоа го правиме предвреме, разговараме, зборуваме за деталите, но не би сакал да бидам инволвиран во тоа, наведе министерот за транспорт.

Новиот повик следи откако Министерството за транспорт и врски го поништи објавениот оглас за таа намена во јули поради, според образложението, административни пречки. На повикот аплицираше само нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, која со два тригодишни договора од аеродромите во Скопје и во Охрид оперира на 30 дестинации кон 14 држави, со субвенции од македонската Влада.

За финансиска поддршка на евтини авиолинии за наредните три години се предвидени околу пет милиони евра.

Сугарески повтори дека се прават анализи за економска оправданост за формирање национален авиопревозник.

– Претходните анализи покажале дека не треба да има национален авиопревозник. Сега се прават нови анализи, се земаат предвиод компаративните искуства од Србија каде има јавно-приватно партнерство, но би почекале да завршат за да соопштиме, рече Сугарески.

авиокомпании субвенции Сугарески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.