Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суперкласико на европско тло: Ривер Плата и Бока јуниорс во Мадрид

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јужноамериканскиот клупски фудбалски шампион за 2018 година ќе биде прогласен на европско тло. Реванш мечот во финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс ќе се одигра на 9 декември (20.30 ч. по средноевропско време) на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Раководството на КОНМЕБОЛ (Фудбалска конфедерација на Јужна Америка) на состанокот во Парагвај во вторникот реши одложеното Суперкласико на градските ривали од Буенос Аирес да се организира надвор од Аргентина, но не прецизира каде.

За потенцијални градови домаќини на финалето во Копа Либертадорес се споменуваа Доха, Мајами, Милано, Џенова, Абу Даби и престолнини во Јужна Америка како Асунсион (Парагвај), Лима (Перу) и Сантијаго (Чиле), но и бразилски Бело Хоризонте. Одлуката, сепак, падна на главниот град на Шпанија за што, според првиот човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингеш, пресудни фактори биле јазикот, аргентинската колонија на Пиринеите и големиот број на летови меѓу Буенос Аирес и Мадрид.

Во реваншот двете екипи ќе влезат со 2:2 од првата средба на стадионот „Бонбоњера“. Возвратниот дуел што требаше да се одигра на „Монументал“ стадионот беше одложен по нападот на навивачи на Ривер Плата врз клупскиот автобус на Бока јуниорс.

„Сантијаго Бернабеу“ Бока јуниорс Копа Либертадорес Мадрид Ривер Плата финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.