Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

0
By Marija Todorovska on March 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2024 16:04

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица од криминална група за криумчарење мигранти. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од август до ноември 2023 година во рамки на криминалистичка истрага била спроведена координирана полициска операција со цел расчистување кривични дела кои се однесуваат на организирање група за вршење  кривични дела криумчарење мигранти.

Против Ф.И.(33), С.Б.(33) и А.И.(26) од Скопје и А.А.(37) и А.Ј.(33) од Неготино пријавата е поднесена зашто се осомничени за „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, а  Е.Б.(35) и Б.С.(37) од Скопје, К.Е.(35) и А.П.(37) од Штип, Д.Ц.(44) од Виница, И.И.(19) од Куманово и Р.К.(32) од Струмица се осомничени за „организирање  група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење  мигранти“.

-За време на истрагата е дојдено до сознанија дека Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство организирале криминална група во Република Северна Македонија, која организирала криумчарење на поголем број мигранти, најмногу од Непал и Сирија, кои претходно веќе биле пристигнати и одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република Северна Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско-липковскиот регион. Од овие локации членовите на групата ги преземале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската Унија, информира МВР.

При реализацијата на истрагата биле извршени претреси кај пет лица во Скопје и Неготино. Од слобода се лишени четири лица, за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, додека пет лица – членови на криминалната група веќе издржуваат затворски казни во казнено-поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“, „силување“, „разбојништво“,  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „одземање моторно возило“ и за „тешка кражба“.

-При извршените претреси пронајдени и одземени се поголем износ на парични средства, пиштол, патнички моторни возила, мобилни телефони, СИМ-картички итн. Во соработка со затворските установи извршени се прегледи кај лицата кои издржуваат казна затвор, при што се пронајдени мобилни телефони, наведува Министерството.

Акцијата во која е сузбиена организираната криминална група, која од август до ноември 2023 година криумчарела мигранти, била реализирана денеска во раните утрински часови, соопшти државното Јавно обвинителство.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донел Наредба за спроведување  истражна постапка против 12-те лица.

-На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање  група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење  мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив  постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, наведува ЈОРСМ.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени.

-Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни  во казнено-поправни установи за претходно сторени кривични дела, информира Обвинителството.

ЕБР Мигранти сузбивање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.