Понеделник, 25 мај, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Министерството информира дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија – Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.