Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечена седница на Владата по повод Денот на албанската азбука: Различностите ја збогатуваат заедничката национална приказна

0
By Zoran Ivanov on November 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 22, 2025 16:00

Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука „22 Ноември“ на која беа упатени пораки за важноста на овој ден и оти државава е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна.

Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обидените во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати, што ќе ја движат татковината напред,  порача премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот го честита на Денот на албанската азбука, кој, како што рече, носи силна историска и културна симболика.

На Конгресот од 1908 година, посочи, албанската интелигенција го направила крупниот чекор кон создавање на унифицирана азбука, темел на јазилната и културна кохезија на Албанците. Тоа беше чин со  длабоко европско значење, чин на модернизација образование и отвореност. Во периодот кога Балканот минуваше низ тешки прдизвици Битолскиот конгрес покажа дека силата на едно општество произлегува од знаењето, јазикот и вербата во иднината.

И вицепремиерот Арбвен Фетаи порача дека јазикот е средство за вклучување а не за исклучување, како и мост за комуникација а не граница меѓу заедниците.

Нашата Влада има цел да обезбеди еднакви услови за развој на сите јазииц кои се еупотребуаватѕ во земајава као дел од современа визија за соживот, рече Фетаи.

Тој порача дека изградбата на стабилно и современо општество бара дијалог, взаемна почит и подготвеност да работиме заедно.

Упатувам повик да живееме заедно, да градиме заедно и да чекориме заедно кон европската иднина,  истакна Фетаи.

На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.

Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава

 

азбука албанска Влада ден празник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.