Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење во Тенк: Имаше само еден понудувач за мерцедесот

4
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното судско рочиште за набавката на мерцедесот од 600.000 евра, познат како „Тенк“ се сослушуваат сведоци.

Во судницата се екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.

Првиот сведок Киро Тодоровски, вработен во Агенцијата за разузнавање, истакна дека во 2012 година кога бил набавен „мерцедесот“ работел во МВР како советник за човечки ресурси во кабинетот на тогашната министерка Јанкулоска. Тој истакна дека тогаш добил решение дека е член на Комисијата за набавка на блиндираното возило.

Тој пред рече дека во постапката за набавката на мерцедесот имало само еден учесник, дека не учествувал во подготвување на тендерската документација, туку во избор на најповолен понудувач.

Тодоровски во судот изјави дека лично смета дека комисијата во која членувал ги има запазено сите законски процедури, од објавување на огласот до изборот согласно потребните спецификации. Тој  е исто така веќе обвинет и во случајот „Титаник“, за изборни нерегуларности, а сега е вработен во Агенцијата за разузнавање.

Обвинителството и одбраната еден час правно се докажуваа околу тоа дали одбраната може да постави директни прашања до сведокот Тодоровски, кој е предложен од СЈО.

Обвинителот Гаврил Бубевски истакна дека одбраната не може да поставува директни прашања, бидејки СЈО го немаат неговиот исказ, за да можеле да се подготват, нешто што е пракса кога станува збор за сведоците на обвинителството, односно обвинетите и адвокатите знаат што изјавил за време на истрагата.

Според обвинетата Јанкулоска, неговото сведочење е клучно.

-Неговото сведочење може да биде клучно за побивање на тезата на обвинителниот акт. Треба да одговори на две околности, на потребата од набавката на ваков тип на возило и начинот на користење на возилото од МВР. Одговорот на овие прашања е потребен за да може судот да донесе правилна одлука. речеЈанкулоска.

На почетокот на судското рочиште Тодоровски рече дека  може да има класифицирани информации и побара јавноста да биде исклучена, но судот дозволи новинарите да останат во судницата.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор Мак Аутостар ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал во јавноста да се дознае.

За набавката на мерцедесот јавноста дозна од  разговорите кои ги објави опозицијата.

Владата одлучи да ја запре постапката за лицитација на мерцедесот, за да се спречи било каква можност обвинетите во случајот „Тенк“ на СЈО да се обидат да избегнат одговорност.

Мерцедес сведочење тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.