Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење за 27 април: Велјаноски добил порака од Крсто Мукоски, но не му одговорил

0
By Соња Петрушевска on December 11, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 17:41

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски, кој претседаваше со седницата на 27 април кога се случи насилниот упад кажа дека незнаел дека вечерта во Собранието има лица со маски, а за тепањето на пратениците и новинарите видел на телевизија. На  прашањата од  судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес  за 27 април, Велјаноски потврди дека добил порака од пратеникот Крсто Мукоски но и дека не одговорил на пораката.

Велјаноски беше повикан во Судот како сведок на неговото лично обезбедување Горан Ѓошески кој е сега обвинет. Адвокатката на Ѓошески, Ружица Николовска  рече дека испитувањето на сведокот не било во духот на Законот за кривична постапка.„Судот треба да е нем посматрач, а доколку има потреба од разјаснување на одредени работи во тој случај треба да побара појаснување.Ова беше надвор од Законот“ рече Николовска.

Велјаноски на прашање на судијката потврди  дека не побарал помош за колегите пратеници, туку чекал МВР да ја заврши работата.

„ Зошто 10 минути пред да се пее албанската химна во Собранието во 17:48:04 му напишавте порака на Ѓошески со содржина: „бидете на штрек„ – праша Кацарска

„ Врз основа на моето долгогодишно искуство видов дека нешто не е вообичаено, имаше пратеници од опозицијата кои стоеа, имаше куп новинари на галерија..Други денови веќе во 17 часот поголем број од пратениците ја напуштаа салата, а сега сите беа присутни„ одговори Велјаноски.

„ Во 17:49:23 Горан ви пишува порака: Сите знаат и од МВР? На што мислеше?“ праша судијката.

„ Незнам, веројатно мислел на внатрешното и надворешното обезбедување на Собранието“ одговори поранешниот спикер.

Велјаноски потврди дека во Кабинетот на претседателот влегле демонстранти но немало лица со маски. На прашањето дали е сигурен во тоа, тој договори: 1000 посто.

„Дали знаевте дека во Собранието се движат лица со маски“? праша Кацарска

„ Не„ одговори Велјаноски.

„Дали вашето обезбедување за кое рековте дека повторно би го ангажирале доколку имате шанса, ве информираше дека има луѓе со маски? праша судијката.

„Не“ одговори тој.

„Дали знаете дека Горан вашето обезбедување им го покажувал патот на насилниците кон прес салата, а меѓу нив имало и лице со маски“ праша Кацарска.

„ Не“ одговори Велјаноски.

„Дали некој ве извести дека истото ваше обезбедување кое зема плата од даночните обврзници со својата картичка сакал да ја отвори вратата која води кон прес салата“ праша судијката.

„ Не сум запознат“ одговори Велјаноски.

Кацарска се интересираше и кој е Душко за кој зборуваат Велјаноски и Ѓошески во друга порака, но поранешниот спикер рече дека се работело за приватна работа, односно дека нарачувал полици и рафтови  за во село, на што Кацарска коментираше: На 27 април кога и самиот рековте дека атмосферата била тензична, вие сте нарачувале полици?“.

„Дали на 27 април имавте комуникација со Мукоски?  праша судијката.

„Тој имаше, ми пушти порака и толку“ одговори Велјаноски.

„Дали на 28 април имавте комуникација со Крсто Мукоски за камерата над вратата“? праша Кацарска.

„Таму има две камери и утредента кога отидов во Собранието  се беше демолирано, дојдоа и од МВР, обезбедуваа докази и ги прибраа сите докази“ беше одговорот на Велјаноски.

„Дали знаете дека вашето обезбедување има врска и со влегувањето во собата со монитори од страна на претставнции на УБК“ праша Кацарска, а Велјаноски рече дека „нема сознанија“.

На оваа тема Кацарска постави неколку прашања,  и Велјаноски потврди дека на 9 мај разговарал со Митко Чавков околу дисциплинската постапка постапка која се водела против Ѓошески.

„На 9 мај сте му пишале порака на Ѓошески и му кажувате што ви кажал Чавков за луѓето од ДБК кои влегле да ги земат снимките.  Сте му напишале:„ Тој вика дека тие си имале овластување од ДБК да влезат“. На ова Ѓошески ви одговора со порака: Значи им паѓа во вода дека не сум имал надлежност за издавање наредби“.

„Дали и натаму тврдите дека не сте знаеле, а рековте дека како сведок не смеете да лажете “ праша Кацарска.

„Во дисциплинската постапка беше опфатен и тој дел“ одговори Велјаноски.

Велјаноски кажа дека на телевизија видел дека се тепаат пратеници и новинари, а на прашањето на Кацарска што презел, одговори дека тој се грижел за водењето на седницата и за примена на деловникот, а за собраниската зграда било надлежно МВР.

„Ни телефонски не се јавивте кај Министерот, директорот на БЈБ, кај некој?“ праша Кацарска.

„Не се јавив никому“ одговори Велјаноски.

„Значи ли тоа дека единствено за што се грижевте на 27 април е некој да не седне на вашето место, затоа што имавте и таква порака? Праша Кацарска.

„ Во таа порака не мислев на местото во Кабинетот, туку на местото на кое седи претседателот на Собранието и не може кој како сака да седне таму„ одговори тој.

Претходно Велјаноски раскажа дека тој ден во Собранието атмосферата била тензична и дека дополнително зоврела кога пратеникот Крсто Мукоски почнал да ја пее македонската химна. Тој исто така кажа и дека не можел да го исклучи микрофонот на пратеникот  Зеќирија Ибрахими кој од  говорница ја пееше албанската химна, затоа што немал технички услови за тоа. Во неговото сведочење Велјаноски додаде и дека по 18 часот кога ја прекинал седницата заминал во својот Кабинет каде што биле сите вработени и му дал насоки на Ѓошески да се грижи за нивната безбедност. По некое време, во холот пред Кабинетот биле фрлени неколку шок бомби и група на демонстранти се обиделе да влезат. Ѓошески кој му бил лично обезбедување на Велјаноски цели 9 години, во еден момент влегол во Кабинетот и рекол дека повеќе не може да ги додржи по што паднал во несвест. Демонстрантите влегле и по 15 минути го напуштиле Кабинетот.

На прашања на другите обвинети, Велјаноски негираше дека дал наредба да се отворат вратите во Собранието и дека ја известувал Билјана Бришкоска – тогашен заменик министер за правда за ситуацијата во Парламентот.

„Не е вистина дека сум му наредил  на некој да ги отвори вратите. За ова има материјални докази во Обвинителството рече Велјаноски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.