Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок на „Еразмус“: Шуклев бараше да има сексуални односи или 1.000 евра за да даде оценка

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2019 13:37

Сведокот Дејан Трајковиќ на денешното рочиште за случајот „Еразмус“ наведе дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Трајковиќ, кој од 2012 година од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди“ за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да и каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ и пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати. Откако му било пренесено што одговорила, Шуклев рекол „би сакал да имам секс со неа бидејќи е многу убава, но нека си плати“.

По некое време, двете студентки, од кои, како што опиша сведокот, „едната била бремена, а другата имала црна коса“, повторно го прашале дали има шанси да посредува и за оценка кај други професори. Демонстраторот Драган Денковски му кажал на Трајковиќ дека може да заврши работа за студенти да добијат оценка кај повеќе професори, меѓу кои Драги Јанев, Славе Ристески, Шуклев и други. Денковски му ги кажал тарифите за плаќање за оценка кај професорите. Сумите се движеле од 500 до 1000 евра.

 

 

Двете студентки прифатиле да платат и тие му дале пари и индекси на Трајковиќ за тој да му ги предаде на Денковски. По некое време сведокот ги видел оценките во индексите на девојките, за кои тие платиле.

Следното рочиште за случајот „Еразмус“ е закажано за 23 декември. Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба, сториле кривични дела. Јавното Обвинителство, пак, пред три години побара отстранување на професорите од работните места.

Осомничените професори, меѓу кои и Шуклев, со часови беа претресувани по што се појавија на распит кај судија на претходна постапка. Тогаш Обвинителството за организиран криминал и корупција побара Судот да забрани работни активности на осомничените професори во акцијата „Еразмус“, за, како што рекоа оттаму, да се превенираат состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната постапка.

Обвинетите Шуклев и Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Љ.Ј. и С.Д. за злоупотреба на службената положба и овластување, а Денковски за давање поткуп. Основен суд Скопје 1 на обвинетите им издаде забрана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичното дело за кое се товарат.

Бобек Шуклев сведочење Случај „Еразмус“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.