Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок во „Титаник 3“: Алими и Гури прашаа дали може да се прават далавери и земаа дел од записниците

0
By Нова ТВ on March 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2020 12:57

Ремзие Бислимова, како клучен сведок во случајот „Титаник 3“, денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје преку конференциска врска од суд во Германија каде моментно живее и работи. Обвинението во предметот е против Ејуп Алими и Исмет Гури кои се сомничат за сторени нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година, поточно за земање на записниците од гласањето. Алими е висок функционер во Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и беше координатор на пратеничката група во последниот парламентарен состав. Случајот го води судијката Марија Клетничка, застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Бислимова, која била член на Изборната Комисија во Чаир, под заклетва и со обезбеден судски преведувач даде исказ за случувањата во просторијата за статистика вечерта по гласањето.

Тек на сведочењето

Фетаи: Дали во просторијата за статистика каде што бевте вие и колешката Нериман, влезе уште некој по завршување на гласањето?

Бислимова: Влезе Земиле која ги носеше записниците од гласањето

Фетаи: Дали влезе уште некој друг?

Бислимова: Да, влегоа Ејуп Алими и Исмет Гури. Влезе и претседателот на Изборната комисија да провери како оди работата

Фетаи: Што правеа Ејуп Алими и Исмет Гури во канцеларијата и какви дејства презедоа?

Бислимова: Тие неколку пати влегоа и излегоа. Секогаш беа заедно. Прашаа „дали овде може да се направат далавери?“ – Ние двете им кажавме дека далавери нема да правиме ни за нашите родители“

За овој исказ на Бислимова, судскиот преведувач, Албанка најпрво преведе дека „кога Алими влегол во забранетата соба наводно прашал „дали овде има далавери“ на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи со барање до преведувачката да даде точен превод. Сведок трипати повтори дека „Алими и Гури ја прашале неа и колешката „дали овде може да се направат далавери“, а не „дали има далавери“ како што упорно преведуваше судската преведувачка. И судијката Клетничка ѝ укажа на преведувачката да преведува точно, а адвокатот на Гури ѝ рече на Фетаи „да не се меша во преводот“. Преведувачката, сепак, потврди дека забелешката на Фетаи е на место по што продолжи сослушувањето.

Фетаи: Што се случи откако вие и Нериман им кажавте дека одбивате да правите далавери?

Бислимова: Откако им го кажавме тоа, по некое време Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри во градите. Не се сеќавам во што беше облечен

Фетаи: Како вие реагиравте на тоа?

Бислимова: Бев многу исплашена и не реагирав никако

Фетаи: Што се случи потоа?

Бислимова: По некое време се вратија во канцеларијата и ги донесоа записниците што ги зедоа. Ништо не кажав, зашто беа силни во партијата

Фетаи: Што се случи со записниците?

Бислимова: Ги внесов во системот

По денешното рочиште за „Титаник 3“ и сведочењето на Ремзие Бислимова ќе следуваат завршни зборови и пресуда.

Ејуп Алими Исмет Гури сведок Случај „Титаник 3“ Рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.