Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоштво на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2025 13:30

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На почетокотот Ѓорчевски, прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, рече дека „чувствува обврска, пред се заради Вања“.

Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но чувствувам обврска и сакам да дадам исказ. На почетокот на судењето кажав дека ќе дадам од неколку главни причини, пред сѐ заради Вања, поради тоа што во текот на истрагата и тука во судницата, беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе ѝ сакам да ѝ порачам дека тато е истиот тој човек кој што последен пат го виде викендот пред 4 декември и оттогаш навака претставуван сум во екстремно спротивно светло од она што сум. Решив да ги поттиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите оние кои што ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои што не ме познаваат, да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметивме дека не чувствуваат ниту вина, ниту покајание. Приметив дека демонстрираат гнев и разочарување од т.н. „Цар“, изјави Ѓорчевски.

Ѓорчевски, рече дека „за себе смета дека дал голем придонес во истрагата“ и дека „ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија“.

Одново и одново, со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне и да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички ѝ вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаат доказите како и за првото убиство на велешанецот Панче и да успееле во тоа Господ знае уште колку убиства и киднапирања ќе спровеле.
За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници беа контактите на Гоце Трајковски од полиција и од Сејф Сити. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија, изјави Ѓорчевски.

Прашан дали ги познава лицата на обвинетите, од порано, Ѓорчевски рече дека „ниту го познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам, затворени ми се очите, ниту тука можам да ги гледам“.

Александар Ѓорчевски Вања Ѓорчевска грабнување Палчо сведоштво судница убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.