Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на медицинските сестри: Ангели и во време на пандемија

0
By Нова ТВ on May 12, 2020 ЗДРАВСТВО
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не сме ангели, туку сме втората најубава работа по ангелите“, е слоганот на „За нас“ – Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри кое од 5 мај (Светски ден на акушерките) до денеска ја одбележува Неделата на сестринството, а денеска и Меѓународниот ден на медицинските сестри. Токму 200 годишнината од раѓањето на основачката на сестринството, Флоренс Најтингел (12 мај 1820), овие медицински работници ја дочекуваат во исклучително тешки и вонредни услови, предизвикани од пандемијата на ковид-19. За себе знаат да речат – нашата професија, е начин на живот. Се чини дека тоа досега не беше соодветно нотирано и валоризирано. Новиот вирус можеби најсилно досега ја изнесе на виделина нивната огромна улога и пожртвуваност. Како и досега, зад нив остануваат неброени денови и ноќи поминати во грижа за пациентите. Тие се првиот контакт, првата помош, првата утеха и првата подадена рака.

Година на сестрите

„Оваа недела ни се случува во време на пандемија кога практично се докажува и нашата ‘рбетна важност од прв контакт, низ лекување и третман до рехабилитација. Медицинските сестри се промотори на здравјето“, вели во разговор за „Дојче веле“, Гордана Бешлиовска, претседателка на Задружението „За нас“

По препорака на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународниот совет на сестри, целата 2020 година – е година на сестрите и акушерките.

„Критично важно е да му покажеме на светот кои се медицинските сестри и што прават. Ова е пораката на СЗО до владите од кои се очекува да инвестираат во сестрите како витален ресурс во здравствениот систем. Мотото е „ Глас што води – со подобро негување до подобро здравје”. Препораките до сите владеачки структури се јасни: поддршка за медицинските сестри и акушерки, давајки им поголема моќ за донесување на одлуки и учество во водење на политиките, со цел да дојде до подобра здравствена заштита на населението“, вели Бешлиовска.

Фото: panacea.mk

Досега не се вклучени во носењето одлуки, ниту ги има во доволен број. Напротив, стануваат дефицитарен кадар.

„Медицинските сестри работат за здравствените институции во сите нивоа на здравствениот систем, но недостигот е секаде. Потребните норми по стандарди не се исполнети ни по број на сестри, ни по број на кревети, ни по креветна зафатнина, ниту по број на лекари. Оттука е генералниот недостиг на ниво на државата. Според стандардите, на 1.000.000 жители треба да има 7.500 до 8.000 медицински сестри. Неофицијално, во земјава има 7.500 медицински сестри, што значи дека недостигот е 50 отсто. Ако не се подобрат условите за работа, ако продолжи трендот на заминување, проблемот ќе биде уште поголем, ќе се соочиме со голем дефицит од нашиот кадар“, посочува Бешлиовска.

Кога аплаузите ќе стивнат

Точност, професионалност, човечност, пожртвуваност, хуманост… Поради сето ова, особено во изминативе месеци, добија многу честитки и громогласни аплаузи. За жал, во текот на работата и дел од нив се инфицираа со коронавирусот. Денеска добиваат честитки за празникот, но пред сè, желби се за брзо опоравување.

Но, не се живее само од аплаузи. Унијата на здруженија, предводена од од Здружението „За нас“, во честитката до сестрите става посебен акцент на нивната важност во здравствениот систем. Притоа апелира и на важноста на инвестицијата што ја бараат, и што континуирано ќе ја бараат од здравствените власти.

„Почнуваме од основното, а тоа е донесување на закон за нашата професија. Државата сè уште не ја признава улогата на здравствената и акушерската нега што придонесува за здравјето на луѓето. Немаме влијание врз обликувањето на здравствената и образовната политика, кои не се регулирани со закон, и на тој начин заостануваме зад европскиот развој што негативно се рефлектира и во целокупното здравство. Здружението „За нас“ бара да се измени колективниот договор за да има и фер плати со покачување на коефициентите на сестрите, признавање на образованието, бенефициран стаж, поместување на старосната граница за пензионирање, да се овозможи сестрински сектор во Министерството за здравство, да се вклучат претставници на Здружението во креирање на здравствената политика“, набројува Бешлиовска и го повикува Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да пристапи кон евидентирање и финансирање на сестринските и акушерските услуги.

Време за прослава на светскиот Ден на сестринството – нема. Годинава, поради мерките за заштита не се во можност да го одбележат Денот како во претходните години. Но, во сопствена продукција реализираа кратка емисија посветена на сестринството, која ќе ја емитуваат денеска со почеток од 12 часот на веб-страницата zanas.mk, на нивната страница на Фејсбук и на нивниот YouTube канал. Им благодарат на сите нивни соработници, членови, уметници, музичари, медиуми, и претставници на невладиниот сектор кои се вклучија во одбележувањето на Неделата на сестринството со нивни креативни дела и видео честитки.

„За нас“ Ден на медицинските сестри Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.