Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свилановиќ: Западен Балкан веднаш да го искористи поттикот од ЕУ

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратегијата на Европската унија за Западен Балкан уште еднаш ја подвлече важноста на регионалната соработка и добрососедските односи како главен елемент за напредокот на земјите кон нивниот европски пат, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.

-Клучните промени мораат да дојдат од нас, од регионот, бидејќи ние сме творци на нашата сопствена иднина. Нашата задача е веднаш да го искористиме овој позитивен потстрек, настојувајќи да ги решиме билатералните и мултилатералните спорови и уште поинтензивно да работиме на развојот на нашиот регион, се наведува во писмената изјава на Свилановиќ што ја дистрибуираше РСС.

Со Стратегијата на ЕУ се предвидува постојните спогодби и обврски на земјите од Западен Балкан станат оперативни, пред се преку примената на Повеќегодишниот акциски план за развој на економскиот простор што го подготви РСС, а кој беше усогласен и прифатен од лидерите на земјите на самитот во Трст во јули 2017 година. Во изјавата се додава дека РСС ќе продолжи да ги подржува земјите од регионот во нивните настојувања и дека ќе настојува активностите што се договорени со владите од регионот да се спроведуваат.

РСС е оперативно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. РСС на самитот во Трст меѓу ЕУ и Западен Балкан доби значителна улога во координација и спроведување на регионалната интеграција и поттикнување на економиите во секој поглед.

ЕУ Западен Балкан РСС Свилановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.