Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО ги обелодени најновите сознанија за Омикрон

0
By НОВА ТВ Balaban on November 29, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СЗО ги охрабрува земјите да придонесат за собирање и споделување на податоци за хоспитализирани пациенти преку Платформа за клинички податоци на СЗО COVID-19 за брз опис на клиничките карактеристики и исходите кај пациентите.

Варијантата Омикрон ќе се шири, најверојатно, на меѓународно ниво, што би можело да претставува „многу висок“ глобален ризик, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Но, како што се нагласува во најновото соопштение, сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив ( полесно се пренесува од човек на човек) во споредба со останатите варијанти, вклучително и Делта.

Бројот на луѓе заразени со оваа најнова варијанта не е зголемен во делови на Јужна Африка каде истата е откриена, a во тек се епидемиолошки студии за да се разбере дали тоа е токму поради Омикрон или и поради други фактори.

– Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата, нагласуваат од СЗО.

„Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон се оценува како висок“, додаде СЗО.

Првата препорака до земјите-членки на оваа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, а наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.

Тежина на болеста

Сè уште не е јасно дали инфекцијата со Омикрон предизвикува потешка болест во споредба со инфекциите со други варијанти, вклучително и со Делта. Прелиминарните податоци сугерираат дека има зголемени стапки на хоспитализација во Јужна Африка, но ова може да е поради зголемениот вкупен број на луѓе кои се инфицираат, наместо како резултат на специфична инфекција со Омикрон.

Во моментов, нема информации кои сугерираат дека симптомите поврзани со Омикрон се различни од оние од другите варијанти. Првичните пријавени инфекции беа меѓу универзитетските студенти – помлади поединци кои имаат тенденција да развиваат поблага клиничка слика на болеста – но разбирањето на степенот на сериозноста на варијантата Омикрон ќе трае од неколку денови до недели.

Сите варијанти на ковид-19, предупредува СЗО, вклучително и варијантата Делта која е доминантна ширум светот, може да предизвикаат тешка болест или смрт, особено за најранливите луѓе, и затоа – превенцијата секогаш е клучна.

СЗО ги охрабрува земјите да придонесат за собирање и споделување на податоци за хоспитализирани пациенти преку Платформа за клинички податоци на СЗО COVID-19 за брз опис на клиничките карактеристики и исходите кај пациентите.

висок Омикрон ризик СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.