Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Вакцинацијата попушта, се повеќе деца во светот се без основна имунизација

0
By Marija Todorovska on July 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 15, 2024 15:27

Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети.

Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година.

Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста.

Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок.

Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив.

Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии.

имунизација СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.