Во Африка се вкупно инфицирани над 200.000 лица, објави денеска регионалниот огранок на Светска здравствена организација (СЗО).
Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заразени луѓе во 54 држави на африканскиот континент изнесува 201.157 од кои починале 5.486 лица, а оздравеле 90.374 луѓе.
Најголем број на заразени има во Јужна Африка – 59.991 лица, а најмногу смртни случаи се забележани во Египет – 1.271 луѓе.