Published: Wednesday, April 5, 2017 13:46
Светската здравствена организација соопшти дека жртвите на нападот во сириската провинција Идлиб покажуваат симптоми слични на оние што ги предизвикува нервен гас.
-Во некои случаи симптомите се слични како и на изложеноста на органофорсфорни хемикалии, категорија на хемиски средства во која се наоѓа и нервниот гас, се наведува во соопштението на СЗО.
Како што се истакнува, веројатноста за изложеност на хемиски напад е засилена и со тоа што нема надворешни рани, како што покажуваат извештаите.
Симптомите на изложеност на хемиско оружје најчесто се акутно отежнато дишење, што предизвикува смрт.
Бројот на жртвите на нападот во Сирија порасна на 72, а меѓу нив 20 се деца, соопшти сирската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.




