Косовскиот претседател Хашим Тачи го оцени барањето на пратениците за измена на одлуката за Специјалниот суд за злосторство на ОВК како целосно демократско и рече дека тој ќе се потпише без двоумење доколку  тоа барање се изгласа во Парламентот.

Во интервју за РТК, Тачи вели дека барањето на пратениците треба да се гледа како демократска алтернатива наспроти големите порази и неисполнување на ветувањата на меѓународната заедница во однос на Косово.