Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таен документ: Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол

0
By Sashko on December 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марк Медоуз, шеф на кабинетот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија, која го истражува упадот во Капитол Хил на 6  јануари оваа година, ѝ ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта.

Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп и организаторите на нападот на Капитол.

Фактот дека Медоуз, ден пред нападот на Капитол Хил, поседувал документ во PowerPoint, што детално го опишувал државниот удар, сугерира дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на нов претседател.

Презентацијата има 38 страници и насловена е „Изборна измама, мешање и опции за 6 јануари“.

Тој нуди неколку препораки за Трамп да ја задржи претседателската функција и да го почне својот втор мандат, потпирајќи се на лаги и бројни теории на заговор.

Сенаторите и членовите на Конгресот прво требало да бидат информирани за наводното мешање на странците во изборите, по што Трамп би можел да прогласи вонредна состојба на национално ниво, да ги прогласи електорските гласови за неважечки и да побара од Конгресот соодветна одлука.

Една од опциите за преземање на власта била тогашниот потпретседател, Мајк Пенс, да ја злоупотреби својата церемонијална улога на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, за да го спречи Бајден да биде прогласен за нов претседател и со тоа да го врати Трамп во Белата куќа.

Препораките во презентацијата се засноваат на измислени и неосновани наводи за изборна измама, вклучително и дека „Кинезите систематски ја преземаат контролата врз американскиот изборен систем“.

Доналд Трамп Капитол Хил САД Свет Таен документ упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.