Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таен живот на убиецот од Лондон: Од семеен човек, до терорист

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поминаа четири дена од страшниот напад во Лондон, а медиумите откриваат се повеќе детали од животот на напаѓачот. Калид Масуд (52) почина откако полицијата го застрела.

Калид бил многу далеку од стереотипен терорист. Полициските служби сега истражуваат што го натерало овој семеен човек, татко и учител да направи таков страшен чин.

Дури и неколку часа пред нападот, соседите тврдат дека го виделе и дека бил насмеан и пристоен.

Калид израснал во Кент, а школските пријатели на него се сеќаваат како на интелигентно, дружељубиво момче кое сакало да игра фудбал, а религијата никогаш не го интересирала.

Мајка му Џанет го родила кога имала само 17 години. Биолошкиот татко никогаш не го запознал. Мажот на мајка му, Филип Ајаоа, за кој се омажила кога Калид имал само две години, го сметал за негов вистински татко.

„Не беше воопшто религиозен. Имаше силен карактер.  Беше дружељубив и духовит. Мислам дека беше единствен црнец во школо и дека некогаш се соочуваше се расизам, но не во голема мера“, изјавил негов пријател од детството.

„Тој имаше глас како Марвин Геј. Беше одличен пејач. Често се дружевме во неговата куќа“, рече негов друг другар.

Се тргнало удолу по средното училиште

Масуд завршил со идиличниот живот веднаш по средното училиште. Западнал во лошо друштво и почнал да се дрогира.

„Како што растеше, се повеќе се оддалечуваше од старото друштво. Го изгуби својот пат. Почна да се дрогира и да продава дрога. На некои луѓе им должеше пари“, изјави негов пријател.

На 19 години прв пат завршил на суд. Во следните години направил бројни прекршоци, вклучувајќи и илегално поседување на оружје, напади и други кривични дела…Два пати завршил зад решетки. Променил неколку работни места, а најдолго останала како продавач.

 

Калид во 1991 година ја запознал долгогодишната партнерка Џејн Харви (48), успешна деловна жена. Се преселиле во вила од 700.000 фунти во Нортиам. Добиле две ќерки. Кога постарата имала осум години, Масуд се степал во клуб и исекол со нож еден маж, по што е осуден на две години затвор, а како мотив го навел расизмот.

Ја наговорил ќерка му да премине во ислам

„Откако излезе од затвор стана религиозен и се посвети на ислам. Не сакаше да има ништо со претходниот живот. Ја остави Џејн и двете ќерки и се пресели во некога дупка во Истбурн. Можеби запозна некоја друга“, велат соседите.

Во 2004 година повторно се оженил со 25 годишната Фарзана Малин во Кент, но тој брак не траел долго. Потоа ја запознал Рони Хајдар и се преселил во Лутон, а потоа во Лондон.

Неговата ќерка Енди ја удрил автомобил кога трчала по школски автобус и за малку ќе ја усмртел. Поради несреќата таа останала неподвижна. Другата ќерка ја наговорил да го промени името, да облече бурка и да премине во ислам. Се согласила и одлучила да живее со него, а помладата одбила.

Масуд себе си се опишал како дружељубив и прилагодлив Британец кој има диплома од економија. Тврдел дека се школувал во Саудиска Арабија пред да ја отвори неговата фирма во Бирминген. Британските власти тврдат дека немал никакви квалификации и дека никогаш не предавал во ниедно училиште во Англија.

Полицијата никогаш не го имала на радарот поради сомневање за тероризам.

Калид Масуд Лондон напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.