Browsing: Атлетико Мадрид

Дел од шпанските медиуми дури пишуваат дека е постигнат и начелен договор меѓу Каталонците и Атлетико Мадрид за услугите на францускиот репрезентативец. Според нив, трансферот би требало да се реализира наредното лето

Трансферот на шпанскиот напаѓач од Челзи е комплетиран во пресрет на вечерашната пресметка меѓу двата тима на „Ванда Метрополитано“ во рамки на Лигата на шампиони. Договорот е постигнат за сума од 60 милиони евра што е рекордна во историјата на тимот од Мадрид

Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба

Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер

Напаѓачот на Атлетико М. имаше стравичен пад во мечот со Депортиво ла Коруња во четвртокот. По воздушен дуел со домашниот фудбалер Алекс Бергантинос, Торес удри со глава на тревникот и првичниот впечаток беше лош, но опоравувањето беше побрзо од очекуваното

По првичната интервенција на медицинскиот персонал и стабилизирање на состојбата, напаѓачот на мадриѓани беше изнесен на носилки и веднаш превезен во болница на натамошни прегледи. Раководството на Атлетико објави дека фудбалерот дошол при свест и почнал да говори, но дека ноќта ќе ја мине во болнички надзор