Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потоп на Атлетико М.: Хет-трик на Роналдо на „Висенте Калдерон“(ВИДЕО)

0
By Нова ТВ on November 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 19, 2016 23:38

Кристијано Роналдо ја расипа прославата на Атлетико Мадрид во прошталното градско дерби на „Висенте Калдерон“. Реал Мадрид славеше во популарното „Мадрилењо“ со 3:0 во дербито на 12. коло во Примера, сите три гола за „кралевите“ беа дело на Португалецот во 23 минута од сллободен удар, во 71 минута од пенал и во 77 минута.

Воведот на натпреварот му припадна на тимот на Диего Симеоне, преку Грисман и Караско, најчесто, се обидуваше до реализација и во продолжение, но таков ефект изостана. Во стартната постава на Зидан се најдоа и Модриќ и Ковачиќ во отсуство на Крос и Касемиро. Французинот на „кралската“ клупа не можеше да смета нниту на повредениот Пепе и недоволно опоравениот Серхио Рамос, па стоперскиот тандем го состави со Начо и Варане кои успеаја да се справат со опасниот напад на „јорганџиите“.

https://www.youtube.com/watch?v=tdUZmIRiktc

Роналдо во целост го оправда епитетот надобар фудбалер во Европа за оваа година. Со хет-трикот стана најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 18 гола оставајќи ги зад себе Ди Стефано со 17 и Карлос Алонсо Гонзалез или попознат како Сантилјана со 15.

Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ со овој триумф се зацврсти на првото место на табелата со 30 бода, четири повеќе од Барселона која, изненадувачки, ремизира на „Кам Ноу“ во дуелот со Малага (0:0). Атлетико Мадрид е петти со 21 бод. Реал М. сега има 24 натпревари без пораз во Примера. Последниот го доживеа токму од градскиот ривал во февруари оваа година и тоа како домаќин.

Атлетико Мадрид Кристијано Роналдо Примера Реал Мадрид фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.