Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Австралија опен
Српскиот ас, потешко одошто се очекуваше, се проби до второто коло на Австралија опен кој започна ноќеска во Мелбурн. Можеби го имаше најтешкиот ривал од фаворитите, можеби се загреваше или, пак, можеби повторно се соочува со проблем, па загуби сет во триумфот на Јан Ленард Штруф од Германија, 37. на АТП ранг листата, со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1
Во фокусот, логично се бранителите на титулата, Србинот Новак Ѓоковиќ кој ќе се обиде по осми пат да замине од Мелбурн со највредниот чек, и младата Јапонка Наоми Осака. Вниманието, пред се, ќе биде насочено кон машкиот турнир на кој конкуренцијата е поизострена, со Рафаел Надал, со Роџер Федерер, но и поради Доминик Тим, Стефанос Циципас и Данил Медведев кои се поопасно се приближуваат на моќната тројка
Шпанскиот тенисер призна дека немал шанси со Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн. Но, вели, да бев на сто отсто барем ќе имаше повеќе борба
Финалето на Австралија опен не донесе спектакл каков се очекуваше, но затоа донесе спектакуларна игра од Новак Ѓоковиќ кој како…
„Делува дека само Надал може да го запре Новак само на Ролан Гарос, но и тоа повеќе не е сигурен облог како што беше некогаш. Србинот потврди нова доза на перфектност со освојување на Австралија опен, па сега се врти кон ултимативен предизвик во форма на триумф над Шпанецот и на париската прашина“, напиша Кевин Мичел во својата колумна во влијателниот британски „Гардијан“
Новак Ѓоковиќ го освои седмиот гренслем трофеј на Австралија опен, откако денеска во финалето го совлада Шпанецот Рафаел Надал. Во…
Мечот за титулата на Австралија опен е претпладнево во 09.30 часот по средноевропско време – Србинот и Шпанецот во 53. меѓусебно соочување
Чешката тенисерка стигна до финалето на Австралија опен без загубен сет и не криеше дека е презадоволна и покрај поразот од Осака. Пред две години во Прага беше жртва на провалник во нејзиниот стан и од инцидентот излезе со повреди на прстите што тогаш ја ставија во прашање нејзината кариера
Јапонската тенисерка во финалето ја порази Петра Квитова од Чешка со 7:6, 5:7, 6:4 и ја наследи Каролина Возњацки на тронот на првиот гренслем во сезоната. Осака од утре ќе биде водечка и на ВТА ранг листата
До седмото финале во Мелбурн, српскиот тенисер стигна по триумфот над Лукас Пуј со 6:0, 6:2, 6:2 за само 83 минути игра. Односот на силите на терен најдобро го отсликува фактот дека Французинот освои прв гем во мечот на почетокот на вториот сет. Шпанецот, пак, во полуфиналето беше подобар од Стефанос Циципас со 6:2, 6:4, 6:0. За титулата кај дамите ќе играат Пера Квитова од Чешка и Јапонката Наоми Осака
Грчкиот тенисер (14 носител) успеа да слави над Швајцарецот на „Род Лејвер арена“ со 6:7, 7:6, 7:5, 7:6 во меч што траеше три часа и 50 минути
Анонимната Американка, Даниел Роуз Колинс во осминафиналето ја декласира Германката, која беше втора носителка на турнирот, со 6:0, 6:2, Ешли Барти, пак, во три сета (4:6, 6:1, 6:4) ја елиминира Русинката.