Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

One man show: Има ли кој да застане на патот на Новак Ѓоковиќ?

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2019 22:54

Новак Ѓоковиќ е топ тема во светскиот спорт. Поради освоена титула на Австралија опен, негова 15. во кариерата, но и поради начинот на кој се справи со Рафаел Надал во финалето. Конечни 6:3, 6:2, 6:3 за само 126 минути игра на „Род Лејвер“ арена. Се очекуваше маратон, можеби сличен и на оној од 2012 година кога двајцата тенисери „изгинаа“ речиси шест часа на централниот терен во Мелбурн парк, но Србинот ги демантира таквите предвидувања и со спринт истрча до тронот.

Највлијателните светски медиуми со право му посветуваат голем простор во информативните изданија на телевизиите, на спортските страници во весниците и на колоните резервирани за колумни и коментари. Меѓу таквите примери и влијателниот британски „Гардијан“ во кој авторот Кевин Мичел вели:

„Делува дека Надал може да го запре Новак само на Ролан Гарос, но и тоа повеќе не е сигурен облог како што беше некогаш. Србинот потврди нова доза на перфектност со освојување на Австралија опен, па сега се врти кон ултимативен предизвик во форма на триумф над Надал и на париската прашина“, е само дел од статијата на Мичел.

Тој притоа се прашува „кој може да го запре Ѓоковиќ“ на АТП турот по партиите во Мелбурн за кои вели дека се патоказ во кој правец ќе се движи машкиот тенис во 2019 година. Во дилемите ја има предвид променливоста и неконстантата на Роџер Федерер и откажувањето на Енди Мареј. А, малку веројатно е дека некој од „некст ген“ како што популарно го нарекуваат младиот бран на тенисери ќе може да застанат на патот на српскиот ас кој игра компјутерски прецизно.

„Ако Надал, освен на моменти, не можеше да даде посериозен отпор на Ѓоковиќ во финалето што траеше едвај два часа и шест минути и во кое освои само осум гема, но не и противнички сервис, мала е веројатноста дека некој од останатите ќе може да го предизвика човекот што освои три гренслем титули во низа и кој во 2019 година има шанса за календарски слем во што би бил прв по Род Лејвер во далечната 1969 година“, пишува Мичел.

Легендарниот австралиски тенисер, Пет Кеш по финалето истакна дека „одамна не видел некој така моќно и прецизно да удира по топчето во меч за гренслем титула“. Матс Виландер, кој работи како коментатор на „Евроспорт“, не криеше импресии од перформансот на Ѓоковиќ иако Швеѓанецот честопати знаел да го пецне Србинот на сметка на Федерер или Надал или Мареј. Но, овојпат и нему му беше затворена уста со рекордната седма титула во Мелбурн од седум обиди на најдобриот светски рекет во моментот.

Ѓоковиќ: Рекордот на Федерер е сè уште далеку

Ѓоковиќ на Австралија опен го претекна Пит Сампрас по бројот на гренслем трофеи. Рекордер е Федерер со 20, Надал е втор со 17, две повеќе од српскиот тенисер кој ако продолжи во овој стил ќе се израмни со Шпанецот уште во оваа година. Но, за напад на Швајцарецот веднаш ја спушти топката.

„Лидерот е сè уште далеку. Да се креира историја во нашиот спорт е нешто посебно и, секако, дека ме мотивира. Мој приоритет во наредните сезони е настап на најголемите турнири меѓутоа не знам уште колку сезони ќе бидат. Не размислувам дотолку однапред. Важно е да се фокусирам на постојано подигнување на нивото на игра и да задржам ментална, физичка и емотивна сила. Само така може да имам шанса за доближување до рекордот на Роџер“, истакна Ѓоковиќ.

Покрај Пит Сампрас, Ѓоковиќ по финалето со Надал остави зад себе уште некои легенди на „белиот“ спорт. Како на пример Рој Емерсон и Роџер Федерер по бројот на титули на Австралија опен, а веќе во мај и јуни во Париз ќе има прилика да го повтори подвигот на Род Лејвер, чие име го носи централниот терен во Мелбурн парк, кој во 1969 година ги освои сите четири гренслеми во период од 12 месеца. Но, дотогаш има време. Сега се моменти за заслужено уживање, славаа, публицитет и, секако, одмор. Наредниот турнир за кој е пријавен Ѓоковиќ е Мастерсот во Индијан Велс во март.

Австралија опен Новак Ѓоковиќ Рафаел надал тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.