Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во сенка на пожари, жештини и загаден воздух: Ноќеска почнува Австралија опен

0
By Нова ТВ on January 19, 2020 СПОРТ
Фото: essentiallysports.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 19, 2020 22:13

Во сенка на незапамтени пожари на источниот брег, загаден воздух, високи температури, но и поројни дождови, ноќеска ќе стартува првиот гренслем во 2020 година – Австралија опен. Во фокусот, логично се бранителите на титулата, Србинот Новак Ѓоковиќ кој ќе се обиде по осми пат да замине од Мелбурн со највредниот чек, и младата Јапонка Наоми Осака. Вниманието, пред се, ќе биде насочено кон машкиот турнир на кој конкуренцијата е поизострена, со Рафаел Надал, со Роџер Федерер, но и поради Доминик Тим, Стефанос Циципас и Данил Медведев кои се поопасно се приближуваат на моќната тројка.

Фото: atptour.com

Прв ривал на Ѓоковиќ е Германецот Јан Ленард Штруф (37-ми на АТП листата) против кого ќе игра по третпат во кариерата. Претходните два меча ги реши во своја корист – во Доха во 2017 година со 7:6, 6:3 и во ланското осминафинале на Ролан Гарос со 6:3, 6:2, 6:2. Евентуален триумф на српскиот ас ќе биде јубилеен 900- во неговата кариера со кој ќе се израмни со пензионираниот Џими Конорс, Роџер Федерер, Рафаел Налад, Иван Лендл и Гилјермо Вилјас.

Федерер во првото коло ќе игра со Американецот Стив Џонсон (81-ви на АТП листата), а Надал ќе почне во Мелбурн со дуел против 26 годишниот Уго Делиен од Боливија.

Фото: wtatennis.com

Осака ќе почне со мисијата за одбрана на тронот против Мери Бузкова од Чешка додека, нормално, интерес привлекува и Серена Вилијамс која на стартот ќе игра со Русинката Анастасија Потапова.

Вкупниот награден фонд на турнирот е рекорден 71 милион долари, што е за 13,6 отсто повеќе од лани. Победниците во поединечна конкуренција ќе заработат по 4,12 милиони долари, поразените во финналните мечеви во сингл ќе понесат по 2,065 милиони, полуфиналистите ќе добијат 1,065 милиони, четврт-финалето „тежи“ 525.000 долари, итн. Паричната премија за шампионите во игра на двојки е 760.000 долари додека најдобриот тандем во микс дубл ќе освои 190.000 долари.

Австралија опен Наоми Осака Новак Ѓоковиќ Рафаел надал Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.