Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Чедомир Јаневски
Фудбалерите на Вардар запишаа нов, петти, пораз во дебитантското учеството во групната фаза во Лига Европа. Освојувачот на УЕФА купот и Суперкупот од 2008 го совлада македонскиот првак со 2:1 и остана на лидерската позиција во Л конкуренција и заедно со Реал Сосиедад осигура меѓународна пролет. „Црвено-црните“ на 7 декември во Скопје ќе играат против Розенборг во последното шесто коло
Тоа е единствениот императив на „црвено-црните“ за вечерашниот настап на „Аноета“ со фаворизираниот шпански претставник. Мечот во Сан Себастијан почнува во 21,05 часот
„Црвено-црните“ вечерва по континуитет на одличната резултатска низа на домашен терен ова лето. Мечот на „Телеком арена“ е со почеток во 21,05 часот. Покрај дуелот во Скопје, групата Л во ЛЕ, носи и пресметка во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Розенборг
По три ипол годишна соработка клубот се раздели со Саша Илиќ, во клубот остануваат Александар Васоски (асистент), Александар Влахо (анализа и скаутирање) и Михајло Костиќ (кондициски тренер). „Црвено-црните“ во четврток (14 септември) го дочекуваат Зенит од Санкт Петербург во првото коло од групата Л во УЕФА Европа лигата
„Црвено-црните“ имаат 2:0 од првата средба на „Телеком арена“ и реални шанси да станат први претставници од домашната сцена што ќе заиграат во групи во натпреварување на УЕФА. Но, нивниот менаџер не дозволува евентуална еуфорија што би довела до коцкање на одличната шанса
Новиот вардаров менаџер предупредува на потребата од ладни глави и дека нема место за еуфорија. Зад екипата се само 90 минути и има уште толку до посакуваната цел – пласман на македонски претставник во групите во Лига Европа или во Лигата на шампиони што е сон од осамостојувањето
Поранешниот македонски селектор се враќа во клубот од кој замина пред 28 години години. Со управата на „црвено-црните“ договори соработка за наредните две сезони и, сепак, ќе дебитира на клупата против Фенербахче
Поранешниот македонски селектор допатува во Скопје на завршни преговори со раководство на „црвено-црните“ и, според информации од клубот, двете страни се блиску до крунисување со договор на взаемниот интерес за соработка за што говори и најавената промоција утре