Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневски: Убав резултат, но работата не е завршена. Таму нè чека пекол

0
By Нова ТВ on August 18, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 18, 2017 03:03

Дојде по нова работа во Скопје пред два, експресно ја договори и со два одржани тренинга го предводеше Вардар до победа што може да биде пресудна за испишување на фудбалска историја. Чедомир Јаневски изрази задововолство од играта и резултатот против Фенербахче, упати пофалби до играчите, но истовремено и амортизира со цел да нема губење на тло под нозе, кревање во облаци и прокоцкување на шансата што се укажува на „црвено-црните“. Имаат одлични 2:0 против големиот ривал од Истанбул пред реваншот на „Шукру Сакачоглу“ наредниот четврток и ќе мора да останат приземни за заверка на отпочнатото на „Телеком арена“.

„Убав резултат, убава победа. Фудбалерите одиграа со срце, а навивачите направија атмосфера и нè поддржаа што многу нѝ значеше. Притоа треба да бидеме реални и признаеме дека постигнавме голови по грешки на противникот. Среќата ни заврте грб против Копенхаген, но овојпат беше со нас“, коментира Јаневски по воведните 90 минути од двомечот со Фенербахче.

Новиот вардаров менаџер предупредува на потребата од ладни глави и дека нема место за еуфорија. Зад екипата се само 90 минути и има уште толку до посакуваната цел – пласман на македонски претставник во групите во Лига Европа или во Лигата на шампиони што е сон од осамостојувањето. Тоа е можно само со работа, мисла и пристап дека ништо не е завршено и дека Вардар не е дел од групите во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Македонскиот првак засега доби битка, за добивање и на фудбалската „војна“ со Фенербахче ќе биде потребна борба и одолевање и во Истанбул по седум дена.

 „Ќе мора да мислиме како до гол и таму. Ако успееме да постигнеме еден, не верувам дека ќе примиме четири. Таму ќе наидеме на фудбалски одлична атмосфера, таму ќе наидеме на „пекол“ што ќе мор да се издржи. Имам верба во фудбалерите дека ќе успеат да се справат со предизвикот, имаат искуство за играње на такви мечеви и не се сомневам дека ќе дадат максимум за минување на оваа пречка и да се биде дел од групната фаза што сите ја посакуваме“, заклучи поранешниот селектор на Македонија на клупата на Вардар.

До реваншот со Фенербахче, вардарци ќе имаат обврска и во домашното првенство. Во недела ги очекува меч со Победа на домашен терен во рамки на второто коло од новата сезона, па потоа Фенербахче ќе се врати во агендата на Чедомир Јаневски и на „црвено-црните“.

Вардар Лига Европа фудбал Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.