Browsing: Дик

Вкупно 7.861 болни и изнемоштени лица го оствариле своето право на глас во вториот ден на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправни установи 1.235 лица, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на синоќешната прес-конференција

Од 357 пријавени избирачи во домовите за стари лица, гласале 231. Во казнено-поправните установи, пак, од 1.657 запишани избирачи, гласале 808. Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега се изјасниле седуммина, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски појасни дека појавената разлика во бројките што биле соопштени од претходно е поради одредени приговори од граѓани што пристигнале во меѓувреме и истите биле разгледани и прифатени. Утре (вторник) гласаат болните и изнемоштените чиј број изнесува 8.852, потоа 1.657 лица во 13. казнено-поправни установи и шест внатрешнораселени лица. Правото на глас, пак, во 17. старечки домови ќе можат да го остварат 357 гласачи. Од денешното и од утрешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност

Членот на Државната Изборна Комисија, Борис Кондарко информира дека граѓаните нема да смеат да одат на гласање со маски со амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон

Во однос на изборните единици, просечниот број на запишани гласачи е 302.377. Најмногу гласачи има во Куманово – 93.603, Битола – 81.607, скопски Аеродром – 66.525, Бутел – 33. 278, итн. Општини, пак, со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово со 1.997 гласачи

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, членовите на Посебните Избирачки Одбори (ПИО) ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач