Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рокот за пријавување на лицата со Ковид-19 за гласање истекува на полноќ

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 08:28

Рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид-19 и во (само)изолација, на болните лица, на изнемоштените и на лицата со хронични болести завршува вечерва (8 јули) на полноќ. Лицата кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во изолација, освен со полномошник, за гласање ќе можат да се пријават и преку апликацијата на интернет страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.

Покрај копија од лична карта, лицата со Ковид-19 или во самоизолација до ОИК или преку апликацијата треба да достават и копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат. Лицата чии резултати ќе бидат позитивни по 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласањето што за нив ќе се спроведе од посебни избрачки одбори на 13 јули.

Болните, немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули. И тие до ОИК треба да се пријават за гласање со доставување на соодветна документација. Последните податоци што ДИК ги објави за пријавени за гласање на 13 и 14 јули се од 6 јули напладне. Дотогаш за гласање биле пријавени само 19 лица со Ковид-19 и 1.1129 болни и немоќни лица.

Рокот за гласање на лицата во домашен притвор завршува на 11 јули. На 9 јули, односно утре завршува и рокот за пријавување на набљудувачи на изборите.

Кампањата трае до 12 јули на полноќ, по што настапува тридневен молк поради гласањето кое овојпат поради пандемијата со Ковид-19 започнува во понеделникот и тоа со лицата со Ковид-19.

болни гласање Дик Избори 2020 Ковид-19 пријавување рокови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.