Browsing: Дик

авниот увид трае 15 дена или до 11 март, период во кој граѓаните ќе може да доставуваат барања за запишување, допишување или бришење на податоци во него, кампањата ќе почне на 23 март и ќе трае до 10 април. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април

Членовите на Комисијата едногласно се изјаснија за ваквиот заклучок, укажувајќи дека не се надлежни да одлучуваат по барањето на мислење од техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев во врска со одлуката за именување на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје што не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска

Во врска со неговата одлука со која се бара враќање на возила во МВР, меѓу кои и она што го користи претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот одговори дека постапувањето согласно законите, процедурите и прописите е начинот на кој работи актуленото раководство на МВР. Нагласи и дека безбедноста не е загрозена на ниту еден носител на јавна функција, посебно не на премиерот и на шефот на државата

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поднесе четири иницијативи до Јавното обвинителство со цел да се утврди дали при печатењето на гласачките ливичиња и изборниот материјал, вработени во Државната изборна комисија (ДИК) краделе државни пари. Иницијативите се однесуваат на парламентарните избори во 2016 година, потоа на локалните избори во 2017-та, па на референдумот во 2018-та и на крајот, последните, претседателските, оваа година. Иако сите изборни процеси се различни, сепак, однесувањето на административните служби во ДИК, задолжени за спроведување јавни набавки било идентично за сите четири изборни циклуси

Официјалниот почеток за претставување на кандидатите за претседател и нивните програми е на 1 април и ќе трае до 19 април. Првиот круг на гласање е закажан на 21 април, вториот круг ќе биде на 5 мај. Под број еден на избирачкото ливче ќе биде Блерим Река, кандидатот на албанската опозиција, под број два Гордан Силјановска-Давкова, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и под број три Стево Пендаровски, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ