Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Увид во Избирачкиот список од 26 февруари, кампањата стартува на 23 март

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 09:35

Државната изборна комисија (ДИК), според Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори, денеска од МВР треба да побара да и биде доставен Избирачкиот список. Најдоцна десет дена од денот на распишување на изборите, ДИК треба да го стави списокот на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид трае 15 дена и почнува на 26 февруари и ќе трае до 11 март на полноќ, период во кој граѓаните ќе може да доставуваат барања за запишување, допишување или бришење на податоци во него.

ДИК во рок од три дена од распишување на изборите доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација да ги достави податоците за вработените во државната и локалната администрација, за да може да се извршат евентуални замени во составите на изборните органи.

Кандидатските листи, пак, до ДИК треба да бидат доставени 30 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до 12 март на полноќ. Потписи за кандидирање за кандидатските листи поддржани од група избирачи се собираат пред службените лица на ДИК, но и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК, доколку подносителот на кандидатската листа се одлучи за тоа. Во тој случај тој треба да ја извести ДИК кај кој нотар ќе ги собира потписите.

За прибирање на средства за изборната кампања, учесниците на изборите треба да имаат единствен даночен број и трансакциска сметка која ќе ја отворат најдоцна 48 часа по потврдувањето на листата или најрано 48 часа по распишување на изборите. Сметките се затвораат во рок од 60 дена по официјалните резултати од изборите.

Роковникот ја регулира и изборната кампања што е предвидена 20 дена пред изборите со 24 часовен изборен молк пред изборниот ден. Кампањата почнува на полноќ на 23 март и ќе заврши на 10 април во 24 часот.

Учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање во радиодифузери кои не се регистрирани во регистарот на радиодифузери и портали и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборната кампања.

Затоа ДИК ги повика медиумите кои сакаат да емитуваат платена политичка реклама за претстојните парламентарни избори да се регистрираат во Комисијата, а тоа можат да го направат во рок од три дена од распишувањето на изборите односно на 17, 18 и 19 февруари. Радиодифузерите имаат рок од пет дена од распишувањето на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање кои не смеат да се менуваат до завршување на изборите.

ДИК ги утврди и највисоките и најниските цени за рекламирање на радио, телевизија и во печатени медиуми, како и највисоките суми што може да се исплатат за рекламирање во интернет порталите.

Дик Избирачки список избори кампања Убив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.