Хрватска ја напуштиле најмалку 102.000 лица по влезот во ЕУ

Проценки на експертите, сепак, се дека таа бројка е можеби и двојно поголема бидејќи многу Хрвати заминуваат во другите членки на ЕУ „на црно“ и не пријавуваат дека ја напуштиле земјата. Бројката, според нив, до 2050 година ќе достигне 800.000 лица и во истовреме на земјата ќе ` требаат еден милион работници. Тамошните медиуми, пак, се обидуваат да пробијат теза дека иселувањето почнало да забавува.