Browsing: ЕП 2019

Владата на Република Северна Македонија на 141. седница донесе одлука да додели еден милион денари (околу 16.000 евра) за младиот борач Бесир Алили и 300.000 денари (околу 5.000 евра) за неговиот тренер за освоеното прво место на Европскиот кадетски шампионат во Фиренца, Италија. За ракометарите на Вардар, пак, е потврдена најавената награда од 30 милиони денари (околлу 500.000 евра) за втората освоена титула во Лигата на шампиони

Денешната ждрепка во музејот Атомиум во Брисел ги смести „спартанците“ во групата Ц во Словенија во која, покрај селекцијата на „зборнаја“ и домаќинот, за ривали ги добија и Финска, Турција и Белорусија

Машката одбојкарска репрезентација, конечно, успеа до историски подвиг и пласман на сениорски завршен турнир по убедливиот триумф над Унгарија во Скопје. На успехот му претходеа и победи на Шведска над Азербејџан и на Летонија над Израел. Ждрепката е закажана на 16 јануари (19 ч.) во „Атомиум“ во Брисел, шампионатот е закажан за септември во Франција, во Белгија, во Холандија и во Словенија

Со евентуален триумф утре попладне, а потоа и во среда на домашен терен со Унгарија за историски подвиг и учество на континенталниот собир од 12 до 29 септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија

Македонија во само една четвртина (првата) постигна двоцифрен број поени (11), во вториот и во последниот период уфрли по пет, а третиот го заврши со шест за шесто пораз во исто толку одиграни мечеви во квалификациите за ЕП 2019. Најефикасна беше Митрашиновиќ со 14 коша

„Црвено-жолтите“ загубија и од Швајцарија, која допатува во Скопје како аутсајдер, со 3:2 (по сетови: 25:21, 21:25, 23:25, 25:19, 12:15) и драстично ги намалија шансите за место на завршниот турнир од 12 до 29 септември догодина во Словенија, во Холандија, Белгија и во Франција

Конечни 3:2 за „црвено-жолтите“ (25:23, 25:23, 23:25, 23:25, 16:14) за огромен исчекор кон завршниот турнир во септември догодина што заеднички ќе го организираат Франција, Словенија, Холандија и Белгија. Во сабота во СРЦ „Кале“ од 20.30 ч. гостува Украина во второто коло во групата Ф