Browsing: ЕП 2020

Вечерашниот меч на фудбалските репрезентации на двете земји во квалификациите за ЕП 2020 е закажан во 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана. Воедно е прв за бодови по досегашните четири од пријателски карактер во кои „црвено-црните“ се радуваа трипати, а „змајчеки“ го добија последниот судир во Копер под водство на Среќко Катанец

Премиерата е против Летонија на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Пристапот останува непроменет како и формацијата во насока на единствена цел – континуитет од настапите од последните десетина натпревари вклучувајќи ги и доминантните во Лигата на нации. Но, и за победнички белег на јубилејниот 100. меч на капитенот во „црвено-жолтиот“ дрес колку што претходно одигра и Гоце Седлоски

„Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Филип Втори“ го поразија Гибралтар со 4:0 (1:0) за прво место во групата 4 во Д лигата, пласман во полуфинале за пласман на Европското првенство во 2020 година и напредување во Ц дивизија за сезоната 2020/21

Македонската машка репрезентација, по пауза од 13 години, имаше победнички кам-бек во Битола каде славеше над турскиот национален тим со 31:27 во првиот меч од групата 3 за завршниот турнир во Шведска, во Австрија и во Норвешка по две години. Во недела (17 ч.) во Кожани, „црвено-жолтите“ на гости кај репрезентацијата на јужниот сосед