Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) има повеќедецениска пракса за избегнување на дуели меѓу репрезентации чии земји имаат затегнати политички односи. Тоа нема да биде исклучок ниту во ждрепката на квалификациските групи за ЕП 2020 што за првпат ќе биде организирани во десет држави.

Западните медиуми, според извори во централата во Нион, пишуваат за издвојување на пет селекции што нема да може да се најдат во иста група. Како причина за наведуваат нарушени односи и тензии што би можеле да бидат пропратен дел од натпреварите.

Па така, репрезентацијата на Србија, како што беше случај и претходно, ќе се размине со Косово со чиј тим нема да игра ниту БиХ. Останатите двојки што нема да се дозволат се Русија – Украина, Шпанија, Гибралтар и Азербејџан – Ерменија.

Ждрепката за групите за Европското првенство во 2020 година е закажана на 2 декември во Даблин.