Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алиоски: Словенија со квалитетни поединци, Македонија со силен колектив

0
By Нова ТВ on March 24, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2019 15:25

Бод ќе заврши голема работа, трите ќе бидат како бинго за македонската фудбалска репрезентација во вечерашното гостување во Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Мечот се игра на стадионот „Стожице“ во Љубљана со почеток во 20.45 ч. и во него се влегува со верба во нова добра претстава и со желба за позитивен резултат. „Црвено-жолтите“ ќе истрчаат на терен со полна самодоверба по триумфот на Летонија со 3:1, но и како лидери во групата Г, „змајчеки“, пак, со реми по настапот против Израел во Хаифа (1:1).

„Нема да менуваме ништо во пристапот. Ќе играме офанзивно бидејќи само така можеме до резултат. Словенците имаат квалитетни поединци додека Македонија има силен колектив и се надевам дека договорот за настап ќе биде пресликан и на терен“, порачува Алиоски, стрелец и асистент во победата над Летонците во четвртокот, кој верува дека националниот тим вечерва може да остане непоразен и во словенечката престолнина.

Македонската и словенечката фудбалска репрезентација за првпат во историјата ќе играат за бодови. Сите четири досегашни беа од пријателски карактер од кои „црвено-жолтите“ добија три (4:1 во Крањ во 1993 година, 2:0 во Скопје во 1994 година и 3:2, исто така, во Скопје во 2012 година), а еден меч (последниот во Копер во 2016  година) им припадна на вечерашните домаќини со 1:0.

Во Г конкуренцијата денеска уште два натпревара. Од 18 часот во Хаифа, Израел ќе биде домаќин на Австрија, а од 20.45 часот во Варшава, Полска ќе игра со Летонија.

Квалификациите за македонскоот национален тим ќе продолжат во јуни со две средби на домашен терен. На националната арена „Филип Втори“ најпрво ќе гостува Полска (7 јуни), а потоа и Австрија (10 јуни) што ќе биде одлична можност со што повеќе бодови да се дочекаат септемвриските гостувања во Израел и во Летонија.

ЕП 2020 квалификации Македонија Словенија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.