Browsing: Европска лига

Капитенот беше оптимистички расположен пред Фајналфор турнирот во Европската одбојкарска лига и, со манир на голем спортсмен, доблесно самокритичен по поразот во мечот за титулата во Гентофте, Данска

Шампионскиот пехар до наредното издание на натпреварувањето ќе престојува во Киев по триумфот на Украинците над „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13) во финалето на Фајналфор турнирот во Гентофте, Данска. Третото место Шведска по триумфот над домашната селекција со 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21)

„Црвено-жолтите“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Гентофте ја поразија домашната селекција со 3:2 (по сетови: 19:25, 20:25, 25:14, 25:20, 15:11). Ривал во утрешниот меч за титулата (19 ч.) ќе биде Украина која со идентичен резултат беше подобра од Шведска (по сетови: 23:25, 25:19, 25:16, 22:25, 18:16)

Националите го совладаа и Азербејџан со 3:0 (по сетови: 25:20, 25:19, 25:21) во натпревар од второто коло на вториот турнир во групата А што викендот се игра во Тирана. Настапите во групната фаза ќе бидат комплетирани со утрешниот дуел (18 ч.) против Албанија

„Црвено-црните“, пред малку во Тирана, ја поразија Шведска со максимални 3:0 (по сетови: 25:16, 25:22, 32:30) и уште во воведното коло на вториот турнир во групата А се потврдија како учесници на завршниот турнир во натпреварувањето

Капитенот порачува дека е потребна смиреност, задржување на истиот пристап, наметнување и негување на сопствениот стил на игра и ментална надградба за Фајналфорот во Гентофте, Данска. На вториот турнир во групата А, селекторот Балтиќ ќе може да смета и на Ѓоко Јосифов

Националниот тим со максимална победа и против западниот сосед со 3:0 (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) за зацврстување на првото место во групата А. Турнирот во СРЦ „Кале“ завршува денеска (недела) со мечевите Азербејџан – Албанија (17 ч.) и Шведска – Македонија (19,30 ч.)

„Црвено-жолтите“, вечерва во СРЦ „Кале“, славеа со 3:0 (по сетови: 25:19, 25:19, 25:20) и во ниту еден момент не дозволија да бидат нарушени нивните победнички амбиции. Најмногу поени (22) забележа Никола Ѓорѓиев, Љафтов нанижа 11, Милев и Самадов по 8, Маџунков 7. Утревечер (19.30 ч.) во второто коло е дуел против Албанија