Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев по поразот од Украина: Трето сребро, не бевме на ниво за злато

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 СПОРТ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 3, 2017 12:31

Никола Ѓорѓиев како вистински лидер и спортсмен на одбојкарска репрезентација на Македонија. Капитенот беше оптимистички расположен пред Фајналфор турнирот во Европската лига во Данска и доблесно самокритичен по поразот во финалето од Украина. Наместо забелешки кон судии или барање алиби во немање на спортска среќа и други фактори како што често знае да биде случај со македонските екипи и национални тимови, Ѓорѓиев се фокусира на сопственото двориште и призна дека „црвено-жолтите“ во мечот за титулата не беа на ниво од групната фаза.

„Ментално, не бевме доволно подготвени да го играме ова финале. Трета година во низа ние сме втори во натпреварувањето и морам да признам дека напредувавме доволно за освојување наа злато. Честитки до Украина за победата“, изјави Ѓорѓиев по поразот на Македонија во Гентофте.

Ѓорѓиев се најде во идеалниот тим на завршниот турнир во Европската лига. Но, не е само во најдобрата седумка од таборот на „црвено-црните“. Друштво во одбраните има од Ѓоко Јосифов како еден од двајцата најдобри средни блокери. Тројца претставници има од Украина и по еден од Данска и од Шведска.

„Црвено-жолтите“ го загубија третото финале во четвртото учество на завршните турнири во Европската лига. Црна Гора беше подобра од нив во полуфиналниот двомеч во 2014 година благодарение на златен сет (15:10), откако двете репрезентации забележаа идентични победи по 3:1 на домашен терен. Наредната сезона во финалето на Фајналфорот во Валбжих, Полска, загубија од Словенија со 0:3 (по сетови: 21:25, 20:25, 17:25), а лани во Варна беа поразени и од Естонија со 0:3 (по сетови: 19:25, 13:25, 23:25)

Европска лига Македонија Никола Ѓорѓиев Одбојка финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.